Се враќа популарниот „Москвич“ – се произведува во фабриката на „Renault“ во Москва

Точка

23/11/2022

13:38

12.924

Големина на фонт

а а а

Компанијата „Москвич“ објавила дека, по две децении пауза, повторно започнува со производство на возила. Новиот автомобил ќе се произведува во некогашната фабрика на „Renault“ во Москва.

Министерството за индустрија и трговија на Русија соопштило дека повторно, по две децении пауза, ќе почне со производство на автомобилите „Москвич“, кои се произведувале за време на Советскиот сојуз, пренесува „Reuters“.

Новите возила ќе се произведуваат во Москва, во некогашната фабрика на „Renault“, која мнозинскиот удел во претпријатието „Avtomaz“ и го продаде на руската влада. Оставена е можноста „Renault“ во наредните шест години повторно да го откупи уделот во компанијата.

До крајот на годината е планирано да се направат околу 600 возила, а целта е да се произведат 100.000 возила годишно, од кои некои ќе бидат на електричен погон.

„Првите „Москвичи“ ќе се симнат од производната лента во декември 2022-ра година“, се наведува во соопштението на произведувачот на камиони „Камаз“, технолошки партнер на „Москвич“.

„Известија“ пренесува дека се произведуваат кросовери „Москвич 3“, а дека продажбата ширум Русија ќе почне во март следната година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг