(Видео) Се појави забавена снимка од исчезнувањето на Адел од сцената, луѓето сè уште се збунети

Точка

23/11/2022

21:30

9.852

Големина на фонт

а а а

Обожавателите на Адел сè уште се обидуваат да сфатат како успеа да ја изведе неверојатната „точка на исчезнување“ на крајот на своето шоу во Лас Вегас.

За потсетување, британската пејачка на крајот од концертот во „Caesars Palace“ во Лас Вегас исчезна од сцената откако на неа почнаа да паѓаат розови конфети.

Некои се сомневаат дека излегла низ скриена врата на подот на сцената, но на луѓето сè уште не им е јасно како го извела тоа, а сега се појави и забавена снимка од целата ситуација.

„Да, забавеното видео не помогна“, се пожалил еден обожавател откако ја видел снимката, додека друг напишал на Твитер: „Сè уште не можам да сфатам како“.

„Искрено, ме излудува тоа што го гледав видеото толку пати и не можам да видам ништо. Каде исчезна?!“, напишал трет, додека еден обожавател е уверен дека станува збор за холограм.

Спектакуларното шоу на Адел ќе се одржува во наредните 5 месеци во „Caesars Palace“, од 18-ти ноември до 25-ти март 2023 година, така што фановите имаат уште многу време да одгатнат како го изведува овој трик.



Спонзорирани линкови

Маркетинг