(Фото/Видео) Во близина на Доха: Село без луѓе кое најдобро е да го напуштите час и половина пред зајдисонце – еве зошто

Точка

22/11/2022

19:22

19.140

Големина на фонт

а а а

На околу половина час возење од Доха ќе ве дочека филмската локација среде пустина на полуостровот Zekreet. Имено, Film City е вештачко село изградено за снимање и верна реплика на бедуинско место кое целосно е напуштено.

Ниту самото возење до тоа место не е баш „прошетка по парк“. Острите камења, пустинскиот песок и дините по некое време ќе им отстапат место на камењата со интересен облик, сè додека не го здогледате катарското село на духови.

Во близина речиси и да нема луѓе ниту автомобили, што потсетува на мистичен ефект.

Film City изградено е за снимањето на арапската „Eyal Al Theeb“ (Синови на волкот) во која се работело за борба на две арапски племиња. Една од интересните работи кои можете да ги видите е и камениот столб во облик на печурка.


Film City не привлекува голем број посетители така што нема метеж, а најдобро време за посета е пред мракот така што најмалку половина час пред заоѓање на сонцето треба да тргнете назад кон Доха за да избегнете возење по лошата улица во мракот. Во случај предната врата да не е отворена, може да се излезе и од страна.


Кога сте веќе на полуостровот Zekreet можете да ги истражите неговите фасцинантни краеви – солените рамнини, висорамнини и прекрасните предели на заливите. Доколку одлучите да одите таму земете си и доволно вода, а корисно е да знаете и дека во малата продавница во градот продаваат чипс, вода и сок...





Спонзорирани линкови

Маркетинг