Бразилците се подготвени да слават со стил: Имаат подготвено танцови точки за десет погодоци

Дерби

22/11/2022

14:20

1.462

Големина на фонт

а а а

Бразил важи за топ фаворит за пехарот во Катар, шампионат на кој првпат ќе се појават во четврток кога ќе ги одмерат силите со Србија.

Тоа ќе биде прва можност за „кариоките“ да ги видиме на дело, прв посериозен тест за тоа дали можат да ја вратат „божицата“ во своите витрини по пауза од две децении.

Има енергија, расположение, атмосфера во таборот на Бразилците и најдобар доказ за тоа е што веќе се подготвени прослави за десет голови.

- Да ви кажам искрено, ние веќе имаме танци подготвени до 10. гол. Имаме по 10-тина танци подготвени за секој натпревар, еден за првиот, еден за вториот, еден за третиот… Ако постигнеме повеќе од 10, тогаш ќе мора да нешто да смислиме, - истакна Рафиња.

Освен Бразил и Србија во оваа група се уште Камерун и Швајцарија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг