Хит видео од трибините во Катар – натпреварот го следел маж којшто неверојатно личи на Ѓоковиќ: „Погрешен турнир брате...“

Точка

22/11/2022

15:04

11.039

Големина на фонт

а а а

На првиот натпревар од Светското првенство во Катар, забележан бил голем број на луѓе, а притоа снимена била и една комична сцена која предизвикала чудење и комичен ефект.

На натпреварот којшто го отвори првото Светско првенство во арапскиот свет, забележана била прекрасна посетеност, а стадионот, според извештаите на медиумите бил полн со повеќе од 67.000 навивачи, без оглед на капацитетот на стадионот од 60.000.

Видеата од атмосферата на првиот натпревар којшто се одржа меѓу Катар и Еквадор и заврши неславно за домаќинот, го преплавија интернетот, а едно од нив се однесува и на Ѓоковиќ.

Имено, некој забележал дека на натпреварот во ВИП делот седел маж којшто неверојатно пoтсетува на генијалниот српски тенисер.

Тој мирно седел на своето место, облечен во традиционален арапски одора, а некој го снимил и одлучил да го постави на социјалната мрежа Инстаграм.

„Погрешен турнир брате“, пишува во описот на видеото под кое „лажниот Ѓоковиќ“ предизвикал многу реакции.

Многумина ја забележале сличноста меѓу овој Арап и славниот тенисер, па одлучиле да се пошегуваат на таа сметка.

„Фацијалната експресија на Ноле како кога ги слуша рецептите на Јелена за здрава исхрана“, се пошегувал некој.

„Постигнува човекот на сите страни“, напишал некој друг корисник знаејќи дека тенисерот една вечер претходно го освои завршниот Мастерс во Торино.

На Новак ова му е шести пат во кариерата да го освои завршниот Мастерс во Торино.




Спонзорирани линкови

Маркетинг