Селекцијата на Германија утре го започнува настапот на Светското првенство и тоа во дуелот со Јапонија, дуел за кој предводникот Ханси Флик нема да може да смета на Лерој Сане.
Имено ѕвездата на Баерн Минхен има проблеми со коленото и поради тоа е надвор од комбинација. Сите останати 25 играчи ќе бидат на последниот финален тренинг што значи дека нема други проблеми.
Сане во оваа сезона играше одлично во дресот на „баварците“ и на 19 натпревари даде 10 голови.
Кога е во прашање националниот тим има 48 настапи и 11 погодоци.