Асенсио: Дали е затворена вратата за Барселона? Тоа е…

Дерби

22/11/2022

13:37

1.385

Големина на фонт

а а а

Марко Асенсио скоро една деценија е член на Реал Мадрид, но тој веќе влезе во завршната година од договорот и останува отворено прашањето дали ќе го гледаме во сегашниот дрес и по 2023 година.

Една од опциите е секако да остане на „Сантијаго Бернабеу“, меѓутоа медиумите пишуваат и за можноста да се пресели во Барселона како слободен играч. Многу добро е познато ривалството меѓу каталонците и „кралевите“ и ќе биде доста чудно да се случи еден ваков трансфер, премин, но фудбалот повеќепати ни има покажено, докажано дека се може да се случи.

- Дали е затворена вратата за Барселона? Тоа е добро прашање. Затворена е за сите затоа што сум во Реал Мадрид. Иднината ќе покаже, никој не знае. Фокусот е на сегашноста, на СП. Од јануари до јуни ќе донесам одлука иако не зависи се од мене, - порача Асенсио кој потоа додаде:

- Целата врева што се создаде навистина не одговараше на реалноста. Знам како функционира овој свет. Знам што кажав и не ми е грижа, - заклучи шпанскиот репрезентативец.



Спонзорирани линкови

Маркетинг