Мистеријата за смртта на Брус Ли решена по половина век? Сите теории на заговор „паднаа во вода“ – едно нешто го убило

Точка

22/11/2022

13:50

17.352

Големина на фонт

а а а

Смртта на Брус Ли, мајсторот на кунг фу и холивудска ѕвезда која почина на 32-годишна возраст летото во 1973 година и натаму е предмет на бројни теории на заговор.

Во официјалните извештаи наведено е дека актерот починал како последица на оток на мозокот, а докторите констатирале дека тоа е последица на прекумерно консумирање на лекови против болка.

Сепак, поради тоа што станувало збор за млад човек со неверојатна физичка сила, не е нелогично што веднаш по неговата смрт започнале да се шират бројни теории на заговор, а некои од попопуларните биле дека го убила кинеската мафија, го отрула љубоморната љубовница, дека е жртва на проклетство, како и дека всушност имал топлотен удар којшто завршил фатално.


Сега докторите изнеле тврдења за причината за смртта на најпознатиот и најсаканиот мајстор на боречките вештини. По детална анализа, заклучокот до кој дошле е дека починал од преголема количина на вода во телото. Нивниот заклучок е дека Брус Ли пател од хипонатремија, односно состојба која претставува нарушување на електролитите кои ги карактеризира намалена концентрација на натриум во крвта.

Тимот научници во „Clinical kidney journal“ напишал:

„Со други зборови, заклучуваме дека неможноста на бубрезите да го излачат вишокот вода го убила Брус Ли. Хипонатремија укажува дека нивото на натриум во крвта кој е неопходен за рамнотежата на течности – бил абнормално низок. Нерамнотежата укажува на отекување на клетките во телото, вклучувајќи ги и оние во мозокот“.


Оваа студија го изнела тврдењето дека Брус Ли имал неколку ризик фактори за појава на хипонатремија. Тој пиел голема количина на течности, користел канабис (кој ја зголемува жедта) и други фактори кои ги намалуваат функциите на бубрезите, како користење лекови против болки и алкохол.

„Биди вода мој пријателе“

Неговата сопруга Линда открила дека Брус бил на диета базирана на најмногу течности, а воочи смртта пиел сок од морков и јаболко. Биографот Метју Поли, автор на книгата „Брус Ли, живот“, споменува дека мајсторот на боречките вештини консумирал поголема количина на вода ноќта пред смртта.

Заклучокот на студијата е следен:

„Претпоставуваме дека Брус Ли починал од специфичен облик на дисфункција на бубрезите, неможност да се излачи доволно вода за одржување на хомеостазата на водата. Ова може да доведе до хипонатремија, церебрален едем (отекување на мозокот) и смрт во рок од неколку часа доколку вишокот на вода не се излачи низ урината, што е во состав со податоците за Брус Ли“.


Истражувачите заклучиле дека Ли, кој инаку наголемо внесувал количина вода во своето тело секојдневно, воочи смртта испил многу повеќе од вообичаено. Додадено е дека истиот ден користел канабис кој предизвикува жед, што е можно да резултирало на тоа да испие повеќе течност, што на крајот се докажало како фатален потег.

„Иронично, Брус Ли го прослави цитатот – биди вода мој пријателе. Но, очигледно вишокот вода на крај го уби“, заклучиле истражувачите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг