Фановите воочија грешка во познатата епизода на „Friends“: „Како не сме забележале досега?“

Точка

22/11/2022

12:23

5.396

Големина на фонт

а а а

Обожавателите на „Friends“ повторно ги проживуваат животите на омилената екипа, со оглед на тоа дека серијата стана достапна и на стримингот на „Netflix“. Меѓутоа, многумина тврдат дека пронашле грешка во една реплика на Моника која со децении не била забележана.

Во епизода од четвртата сезона на американскиот ситком, „The One With The Embryos“, Моника (Кортни Кокс) и Рејчел (Џенифер Анистон) се борат против Чендлер (Метју Пери) и Џои (Мет Ле Бланк) за големиот стан на Моника, во игра која ја смислува Рос (Дејвид Швимер).

Сосема баналната игра која започнува така што момците и девојките се натпреваруваат кој кого подобро познава, се заострува и во еден момент влогот е станот. Девојките на крајот губат, а Моника во свој стил полудува поради новонастанатата ситуација. Меѓутоа, фановите забележале нешто чудно.

„Откако момците победуваат во играта и кога Рејчел одбива да се пресели, Моника вели: „Доколку ние изгубевме, ќе ги натеравме момците да се ослободат од патката и пилето, зарем не?“. Нема смисла тоа што го кажува, треба веројатно да каже „доколку ние победевме“ или „доколку тие изгубеа“, гласи еден коментар на социјалните мрежи.


„Морав ова да го проверам и навистина Моника вели 'доколку изгубевме'. Не можам да поверувам дека никој не го забележал тоа“, „Морав да премотам 5-6 пати само за да се уверам дека не сум полудел“, гласат останатите коментари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг