Холандија важеше за фаворит во пресметката со Сенегал, статус кој на крајот го потврди со триумфот од 2-0, но играта беше далеку од она што се очекуваше.
„Лалињата“ имаа проблеми да се наметнат, да создаваат шанси, меѓутоа во финишот пронајдоа начин да го скршат отпорот на африканскиот шампион, па така Гакпо по асистенцијата на Де Јонг стрелаше за 1-0 во 84 минута за да во судиското продолжение резервистот Класен ги потврди трите бода.
Селекторот Луи Ван Гал порача дека неговиот тим ја заслужил победата, но од друга страна пак Френки Де Јонг испрати критики за играта на целата екипа, ама го спомена и своето издание.
- Бевме просечни. Не одигравме добро. Ама исто така не дозволивме никакви шанси. Мислам дека мојата игра беше невешта, - порача членот на Барселона.
Холанѓаните во второто коло се соочуваат со Еквадор кој на стартот беше подобар од домаќинот Катар со 2-0.