(Фото) 10 најубави изданија од црвениот тепих на доделувањето на Американските музички награди

Точка

22/11/2022

11:56

6.982

Големина на фонт

а а а

Црвениот тепих на Американските музички награди (AMA) и оваа година привлече големо медиумско внимание.

Славните дами позираа во храбри дизајнерски креации кои ги истакнаа нивните адути пред „Microsoft Theater“ во Лос Анџелес, во кој се одржа доделувањето.

Тејлор Свифт славеше со 6 освоени АМА награди, вклучувајќи ги оние за најдобар поп уметник, најдобар поп и кантри албум и најдобар видеоспот за 10-минутната верзија на песната „All Too Well“.


За оваа прилика пејачката носела златен комбинезон украсен со светкави детали, инспириран од модата од 70-те години на минатиот век. Станува збор за модел на брендот „The Blonds“ со заводлив отворен грб, кој го искомбинирала со чевли со висока потпетица и неколку впечатливи парчиња накит.

Златните детали биле присутни и на фустанот на пејачката Пинк која на доделувањето на наградите се појавила во винтиџ парче на американскиот дизајнер Боб Меки, кој често соработува со Шер.


Пинк носела црно-златен мини фустан со реси, кој го искомбинирала со црни сандали на платформа.

Доув Камерон, која беше прогласена за најдобар нов артист, се појавила на доделувањето во авангардна дводелна креација од овогодишната есенска колекција на Марк Џејкобс.


Во продолжение, погледнете ги и останатите изданија на познатите дами:




Спонзорирани линкови

Маркетинг