Куче за прв пат гледа снег, погледнете ја преслатката реакција

Точка

22/11/2022

10:50

7.019

Големина на фонт

а а а

Студената сезона пристигна во канадскиот град Монтреал, а тоа посебно ја развесели два месеци старата Софи.

Судејќи по реакцијата на преслатката Софи откако прв пат се сретнала со снег, може да се каже дека таа обожува ниски температури и снежни покривки.

Сопственичката ја облекла во топла јакна и ја изнела надвор. Софи веднаш почнала љубопитно да го истражува снегот. Во него за прв пат ја ставила својата муцка, за да провери каков е вкусот, а потоа почнала и да потскокнува и радосно да мавта со опашката.

Иако одењето по снегот и задало малку проблеми поради кратките нозе, воодушевувањето не можела да го скрие. Погледнете го видеото.




Спонзорирани линкови

Маркетинг