Лукоил супериорен во дуелот со ЈП Дрисла

Точка

22/11/2022

10:39

108.900

Големина на фонт

а а а

Еве ги резултатите од вчерашните натпревари во Бизнис Лигата на Македонија.

Ван Хоол и ЈСП ги поделија бодовите

Ван Хоол 3-3(1-2) ЈСП

Ван Хоол: Дарко Ангеловски 35’ Марко Николовски 9’ 37’

ЈСП: Љупчо Павловиќ 1’ 3’ Филип Колеќески 30’

Шестото коло од Бизнис Лигата го отворија екипите на Ван Хоол и ЈСП. ЈСП преку Павловиќ на самиот старт од натпреварот успеа да постигне два гола и да дојде до предност од 0-2. Екипата на Ван Хоол се обидуваше да ја анулира оваа предност како би можела да фати резултатски приклучок во првото полувреме. Во 9та минута екипата на Ван Хоол преку Николовски успеа да намали на 1-2. Екипата на ЈСП не дозволи целосен пресврт играјќи контролиран напад во текот на целото полувреме кое успеа да го заврши со предност од 1-2. Во второто полувреме и двете екипи играа во ист ритам се до 30та минута која ЈСП преку Колеќески успеа да дојде до зголемување на водството на 1-3 со што ЈСП очекуваше да влезе во мирна завршница. Во самиот финиш на натпреварот екипата на Ван Хоол беше упорна и не се предаваше па фаулот во полето за пенал успеа да го искористи преку Ангеловски и намали на 2-3. Во самиот финиш следуваше вистинска драма во која главен актер повторно беше Николовски од Ван Хоол кој во 37та минута успеа да го израмни резултатот на 3-3 резутат со кој се заврши овој натпревар.

Лукоил супериорен во дуелот со ЈП Дрисла

ЈП Дрисла 1-14(1-6) Лукоил

ЈП Дрисла: Бесник Шакири 2’

Лукоил: Горан Стојановски 3’ 5’ 11’ 14’ 27’ 31’ 36’ 40’ Гоце Мојсоски 33’ Лоренцо Николовски 20’ 29’ 35’ Петар Лефков 11’ 29’

Екипата на Лукоил во дуелот со ЈП Дрисла влезе мошне мотивирано, целосно посветени и со максимално сериозен пристап. Минатогодишниот шампион успеа да наметне висок ритам на игра кој ЈП Дрисла во скратен состав и со не толку чести замени не можеше да го прати. На полувремето екипата на Лукоил замина со високи 1-6. Во Второто полувреме екипата на Лукоил продолжи со одлична игра и од минута во минута го зголемуваше своето водство. Екипата на ЈП Дрисла иако имаше неколку одлични шанси имаше слаба реализација, од друга страна пак кај екипата на Лукоил своја вечер имаше Горан Стојанов кој со 8 погодоци ја предводеше екипата на Лукоил до висока победа од 1-14.

A1 со одлична реализација до победа над Гранит

Гранит 5-9(3-3) А1

Гранит: Николче Глигуровски 11’ 34’ Дарко Петров 2’ Ненад Антовски 20’ Марио Петров 28’

А1: Мартин Ангеловски 37’ Анџело Лазаревски 14’ Александар Тановски 4’ 40’ Стефан Петровски 27’ 35’ Иле Никодиновски 23’ Бојан Волчевски 7’ 29’

Одличен старт за екипата на Гранит во дуелот со А1, тие уште во втората минута од полувремето преку Петров успеаа да дојдат до предност од 1-0. По ова рано водство на екипата на Гранит екипата на А1 ги консолидира своите редови и преку Тановски и Волчевски успеа да дојде до целосен пресврт од 2-1. Во продолжението на полувремето екипата на Гранит успеа да дојде до повторно израмнување на 2-2 а до крајот на полувремето двете екипи успеаа да погодат по еднаш за резултат од 3-3 на паузата. Во второто полувреме екипата на Гранит се обиде со голман играч и чести измени да дојде до повторно водство, но екипата на А1 возврати со исто техничко тактичка подготвеност внесувајќи во своите редови голман играч. Ваквата игра на А1 и нивната одлична реализација не му дозволи на Гранит да се врати во натпреварот и да направи резултатски пресврт. На крајот на овој натпревар екипата на А1 славеше со 9-5.




Спонзорирани линкови

Маркетинг