За оние кои избегнуваат брашно – пита со овесни снегулки и тиквички

Точка

21/11/2022

21:07

15.096

Големина на фонт

а а а

Ви носиме еден здрав рецепт кој со сигурност ќе стане дел од вашето мени.

Состојки:

- 100 гр. овесни снегулки;
- 150 мл. јогурт;
- 50 мл. масло;
- 1 полна лажица прашок за пециво;
- 1 лажица сол;
- 200 гр. тиквички;
- 2 јајца;
- 50 гр. сусам.


Подготовка:

Во сад измешајте ги снегулките, јогуртот и маслото, па оставете ја смесата десетина минути за да омекнат снегулките. За тоа време изрендајте ги тиквичките и добро исцедете ги од вишокот вода. Изматете ги јајцата посебно.

Во смесата со снегулки додадете прашок за пециво, сол, исцедени тиквички и јајца. На крај додадете го сусамот и убаво измешајте.


Загрејте ја рерната на 180 степени. Намачкајте тава за печење (20х16 см или малку поголема) и истурете ја добиената смеса во неа.

Питата печете ја околу 35 минути, односно додека не порумени.




Спонзорирани линкови

Маркетинг