(Фото) Удобен, практичен и шик - не е ни чудно што воопшто не го соблекува: Капутот на Анџелина Џоли кој може да се носи со сè!

Точка

21/11/2022

19:05

8.516

Големина на фонт

а а а

Анџелина Џоли (47) во првите години од кариерата не беше позната по својот најдобар моден стил - најмногу носеше кожна облека, која не беше особено популарна во тоа време, а кога ќе се дотераше за црвениот тепих, впечатокот не беше воодушевувачки.

Меѓутоа, во своите 40-ти години, Анџелина конечно со помош на стилист пронашла моден израз кој ѝ прилега и не се откажува од него!


Една од најубавите жени во историјата на Холивуд најчесто носи три бои: беж, црна и бела, а најчесто ја гледаме во слични кроеви и парчиња. Затоа и не е чудно што често носи слични капути, а само оние со „остар вид“ можат да забележат мали разлики меѓу нив.

Токму таков е и капутот што го носи Анџелина Џоли во последно време, а потсетува на моделите кои најмногу ги носи изминатите години.


Станува збор за едноставен модел со рамен крој, кој актерката со помош на ремен за врзување ја нагласила својата половина.

Џоли во него била видена додека го напуштала веганскиот ресторан Crossroads во Лос Анџелес, а тоа е варијанта со преклоп, без копчиња и со предимензионирана капа, која служи како ефективна декорација и може да ве стопли во постудените есенски вечери.


Во последните денови таа неколкупати била фотографирана во него, што не е ни чудо кога ќе забележите колку е удобен, практичен и шик!

Анџелина избрала модел кој паѓа малку под колената, ги засукала широките ракави и го искомбинирала со малку пошироки деловни панталони и беж салонки на потпетици.

Покрај тоа, таа носела и поголема чанта Lady Dior за неколку нијанси посветла, а од накит носела само тенки прстени.




Спонзорирани линкови

Маркетинг