(Видео) Енергијата помеѓу познатата двојка кажува сè! Хари и Меган му се обратија на Елтон Џон - се „растопиле“ од љубов и нежност

Точка

21/11/2022

17:20

3.926

Големина на фонт

а а а

Меган Маркл и принцот Хари испратиле посебна порака до Елтон Џон пред неговиот проштален концерт синоќа во Лос Анџелес.

Обраќањето било во знак на нежни зборови, но и премногу блискиот однос помеѓу Меган и Хари. Разбирливо за брачна двојка, но многумина сигурно ќе кажат дека се работи за глума, како што тоа го правеле многупати досега коментирајќи ја славната двојка.

„Здраво Елтон! Сакавме само да ти честитаме. Многу сме горди на тебе и многу благодарни што те видовме на твојата проштална турнеја. Ти благодариме што нè забавуваш толку многу децении. Ти благодарам што ѝ беше пријател на мајка ми (вели Хари).

Ти благодариме што си наш пријател, ти благодариме што си пријател на нашите деца и ти благодариме што ги забавуваш луѓето ширум светот.

Иако ова е официјално твое пензионирање, знаеме дека ова не е твој последен настап. Те сакаме и ти честитаме на неверојатната кариера“, му порачаа Меган и Хари на познатиот музичар.

Елтон Џон беше голем пријател на принцезата Дајана, а ги поддржуваше Меган и Хари во време кога јавноста, додека траеше Мегзит, беше против нив. Познато е дека им го дал својот приватен авион и вила на француската ривиера кога тоа им било потребно.




Спонзорирани линкови

Маркетинг