Англичаните тргнаа моќно, прегазен Иран на отворањето на СП

Дерби

21/11/2022

16:46

1.450

Големина на фонт

а а а

Англиската фудбалска репрезентација ги израдува своите фанови со моќен почеток на Светското првенство, победувајќи го Иран со 6:2.

Избраниците на Герет Саутгејт го решија победникот уште во првиот дел, во кој Белингам го отвори резултатот во 35. минута.

Сака и Стерлинг до крајот на полувремето зголемија на 3:0, а Сака со вториот погодок, во 62. минута зголеми на 4:0. Напаѓачот на Порто, Тареми, го постигна почесниот погодок за Иранците, додека резервистот Рашфорд повторно врати на плус четири во 71. минута.

Во 90. минута, гол постигна уште еден резервист, односно Грилиш кој зголеми на 6:1, за Иранците да добијат пенал длабоко во судиското продолжение, по што Тареми со вториот гол ги постигна конечните 6:2.



Спонзорирани линкови

Маркетинг