(Фото) На продажба пентхаусот за којшто Ријана плаќала по 50.000 долари месечно

Точка

21/11/2022

16:52

19.944

Големина на фонт

а а а

Патување од остров на остров, револуција во индустријата на убавината – кој не сака да биде Ријана? Сега барем малку можете да почувствувате како живее таа.

Ријана во 2013 година се заљубила во пентхаус во Сохо којшто го изнајмувала за 50.000 долари месечно. Двокатниот стан во Њујорк којшто некогаш бил дом на убавицата од Барбадос, штотуку се појавил на пазарот за 12,9 милиони долари.

Секако, доколку планирате да живеете таму само еден месец во стилот на „a la RiRi“, станот исто така е достапен за изнајмување за неверојатни 45.000 долари месечно.


Како што се очекувало, овој масивен дуплекс е дизајниран за раскошен живот, приредување забави со голем број на луѓе во било кој момент.

Зградата првобитно била изградена во 1911 година, а речиси еден век подоцна, во 2004 година била претворена во луксузен станбен комплекс.

Станот е со површина од 700 метри квадратни, поседува четири спални соби и три тоалети, не вклучувајќи ја терасата од 240 метри квадратни која прикажува неверојатен поглед на Empire State Building и целиот центар Менхетен.


Станот го карактеризира светол и прозрачен ентериер. Таму може да се забележат големи прозорци, приспособени бетонски подови и лифт којшто ве води до последниот кат и се отвора кон големата дневна соба која е опремена со камин.

Дневната соба се „влева“ право во ултра-модерна професионална кујна опремена со „Val Cucine“ ормари и врвни апарати. Оттаму имате директен пристап кон неверојатната кровна тераса.


Доколку по скалите од челик и дрво се спуштите надолу ќе наидете на четири спални соби. Експанзивниот примарен апартман навистина остава без здив со панорамски поглед кон центарот на градот.

Овој простор исто така има и сопствен тоалет и масивен гардеробер – што е добра вест доколку вашата колекција на гардероба е во стилот на пејачката.





Спонзорирани линкови

Маркетинг