Ѓоковиќ: Јас најдобар на светот? Јас сум на петто место

Дерби

21/11/2022

14:59

1.760

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ имаше успешен настап на завршниот АТП турнир во Торино каде успеа да дојде до пехарт откако во финалето го надигра Каспер Руд со 2-0 во сетови.

Ова за Ноле е шесто славје на турнирите на кои учествуваат најдобрите тенисери во годината, меѓутоа и покрај ваквиот резултат тој нема да биде прв на АТП листата.

Запрашан за тоа дали се смета за број еден на светот, тој ги изнасмеа новинарите со својот одговор.

- Не сум. Јас сум петти (се смее), - изјави Ѓоковиќ и додаде:

- Оваа недела веројатно бев. Вкупната ранг-листа покажува кој имал најдобра година, а Алкарас е број еден. Нема што многу да се каже. Во мојот ум секогаш сум најдобар во светот, се разбира. Тоа е мојот менталитет и пристап. Без разлика кој е преку мрежата, без разлика на подлогата, сезоната, моите мисли се секогаш исти. Амбициите се највисоки. Тој пристап ме донесе овде, сега да седам овде со еден од најважните трофеи во спортот. Се чувствувам добро. Се грижам за себе. Имам голем тим од луѓе околу мене. За мене ова е љубов и страст. Се додека е тука, ќе ги предизвикувам помладите момци за големи трофеи, - рече Србинот и порача:

- Мотивацијата е секогаш присутна. Многу сум гладен да докажам дека сè уште сум еден од најдобрите во светот, дека можам да освојувам големи турнири. Се гледаме во Австралија (се смее), заклучи големиот грен слем шампион.



Спонзорирани линкови

Маркетинг