(Фото/Видео) Не престанува да се зборува за настапот на Морган Фримен на отворањето на СП во Катар: Се појави со една златна ракавица, а еве кое е момчето кое стоеше покрај него

Точка

21/11/2022

21:27

12.945

Големина на фонт

а а а

Настапот на Морган Фримен на отворањето на Светското првенство во фудбал кое се случи вчера во Катар, не престанува да се коментира.

Се обрнува внимание на секој детаљ, а големо интересирање привлекло и момчето кое било со актерот на сцена.

Морган Фримен вчера на сцената излезе со златна ракавица на левата рака која ја носи затоа што сообраќајната несреќа која ја доживеа во 2008 година во Мисисипи остави последици на тој дел од неговото тело.


Тоа била тешка сообраќајна несреќа, автомобилот во којшто бил Фримен завршил во провалија, а актерот го извлекле со хеликоптер.

Докторите успеале да му ја спасат раката, но не и да ги санираат тешките и трајни повреди.

„Претрпев тешко оштетување на нервот на раката, не можам да ја помрднам“, изјавил во 2010 актерот за „People“.

Фримен подоцна во текот на церемонијата ја извади ракавицата. Појавувањето на актерот во Катар предизвика и остри реакции.

Имено, на актерот му се замерува тоа што зел многу пари од земјата домаќин. Неговото појавување на овогодишното Светско првенство следело 12 години по неговите обиди САД да биде домаќин. Тоа беше крајно непримерен обид којшто, како што се коментира, ја посрамотил Америка. Сега, актерот го нарекуваат таен агент на Катар.


„Очигледно, парите можат да купат сè“, „Многу ме разочара неговото пoјавување. Како може да поддржува такво кршење на човековите права и расипаните луѓе кои го плаќаат? Има ли морал или само парите му се важни?“, биле само дел од коментарите.

На церемонијата на отворањето важна улога имаше и Ганим ал Муфтах, 20-годишниот јутјубер и мотивациски говорник роден со ретка состојба позната како синдром на каудална регресија.

Тој воедно е и најмладиот амбасадор на Светско фудбалско првенство во досегашната историја на Мундијалот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг