Природата често знае да нè изненади со магични сцени, а една од нив е и овој необичен феномен кој се појавува во зимските денови.
Една Тиктокерка снимила т.н. „леден цвет“ кој се крши во рацете кога ќе го допрете. Овие бели ледени убавици изгледаат како нешто што им припаѓа на бајките, но всушност станува збор за природна појава која се јавува во студените и влажни предели.
„Ледените цветови растат исклучиво во совршени услови, затоа е навистина посебно кога ќе пронајдете еден. Ако ги скршите, се претвораат во тенки слоеви лед“, објаснила Тиктокерката во видеото.
„Како и снегулките, секој нивен дизајн е посебен и уникатен“, додала таа, а потоа и објаснила како всушност настануваат.
„Ако остане вода во стеблата во текот на замрзнувањето, таа се проширува во стеблото и излегува надвор низ мали дупчиња“, објаснила девојката.
Според пишувањето на „Gizmodo“, ледените цветови настануваат во есенскиот период или раната зима кога од долгите стебла на растенијата се истиснуваат тенки слоеви лед. Феноменот се создава откако водата во стеблата ќе замрзне, ќе се прошири и ќе излезе надвор во облик на мали кристали од кои настануваат неверојатни форми.
Видеото има 1,3 милиони прегледи и над 390 илјади лајкови.
„Во своите 47 години никогаш не сум чула за ова“, „Светот е преполн со чуда“, „Каква магична глетка“, се само некои од коментарите на воодушевените Тиктокери.