„RTCG“ во текот на известувањето за војната во Украина прикуважала кадри од видео игра

Точка

19/11/2022

18:09

7.348

Големина на фонт

а а а

Откако започна агресијата над Украина, не постои информативна емисија во која барем неколку минути не се посветени на таа тема.

И додека снимките и фотографиите од војната во оваа земја можат лесно да се пронајдат на бројни медиумски платформи, Радио и Телевизија Црна Гора (RTCG) дошла до сосема иновативна идеја.

Имено, во текот на известувањето за моменталната ситуација во Украина на државната телевизија, била прикажана снимка од видео игра.

Видеото набрзо се појави и на Твитер.

„Видете што прави „RTCG“, покрај милионите снимки од Украина, користат видео од игра. Иако ништо чудно од новиот менаџмент“, стои во описот на видеото.

Оваа бизарна ситуација насмеа многумина со оглед на фактот што станува збор за државна телевизија на една земја.



Спонзорирани линкови

Маркетинг