Објавена химната за СП во Катар: Песната ќе влезе во историјата на првенството поради едно нешто

Точка

18/11/2022

19:10

9.157

Големина на фонт

а а а

На официјалниот Јутјуб канал на ФИФА е објавена химната за Светското првенство во фудбал со наслов „Tukoh Taka“ која ја изведуваат американската раперка Ники Минаж, либанската пејачка и актерка Миријам Фарес и колумбискиот пејач Малума.

Оваа песна ќе влезе во историјата бидејќи е првата шампионска песна отпеана на три јазици – англиски, шпански и арапски.

Песната е многу ритмична, што и се очекува кога станува збор за вакви настани, па акцентот е за нијанса на музиката наместо на текстот.

„Оваа соработка е совршен спој на таленти кои ги имаат Ники Минаж, Малума и Миријам Фарес. Песната зборува за обединување на фановите ширум светот и ги слави различностите“, пишува „Billboard“.

Инаку Миријам е либанска пејачка и актерка која во арапските земји е многу популарна.


Малума е колумбиски пејач, актер и текстописец од Меделин кој е многу популарен во латинските земји. Роден е како Хуан Луис Лондоњо Аријас, а многумина го знаат по песните „La Curiosidad“, „Carnaval“, „Marinero“, „La Temperatura“. Малума се појави и на песната „Ole Brazil“ која ја изведе заедно со Елвис Креспо за СП во Бразил 2014 година.

Секако тука е и Ники Минаж, американска пејачка и раперка од Тринидад која светот ја знае преку хитовите „Anaconda“, „Super Bass“, „Beez in the Trap“, „Bang Bang“ итн.



Спонзорирани линкови

Маркетинг