4 здравствени предности на калинката: „Овошјето на боговите“ изобилува со витамини и минерали

Точка

18/11/2022

17:56

11.122

Големина на фонт

а а а

Калинката потекнува од Персија и многумина ја знаат и како „овошјето на боговите“. Овој плод спаѓа помеѓу најздравите бидејќи изобилува со витамини, минерали, влакна и антиоксиданти кои штитат од многу болести.

Малите црвени семки во внатрешноста на калинката се јадливиот дел од овошјето, а иако одвојувањето на внатрешното месо на плодот може да биде напорно, нутритивниот профил и вкусот на калинката се вредни за трудот.

Како што пишува „Eatingwell“, калинката има многу здравствени предности, а ова се главните 4:

Добра е за срцето

Влакната кои се наоѓаат во семките на калинката се поврзани со доброто здравје на срцето. Според истражувањето од 2021 година во „Current Cardiology Reports“, луѓето кои консумираат влакна имаат значајно помал ризик да заболат од кардиоваскуларни болести.


Експертите велат дека тоа се должи на способноста на растителните влакна да ги намалат лошиот холестерол, крвниот притисок и воспаленијата.

Одлична е за дигестивниот систем

Диеталните влакна во калинката се моќни „мотори“ за варење на храната. Внесот на доволно влакна помага во подобрување на варењето и спречува констипација. Една работа која треба да се напомене е дека влакната ги содржи самиот плод, но не и сокот од калинка.

Помага во намалување на крвниот притисок

Сокот од калинка содржи разни видови антиоксиданти и полифеноли кои влијаат позитивно на кардиоваскуларното здравје. Истражувањата покажуваат дека консумирањето на овој сок во рок од 2 недели го намалува високиот крвен притисок.


Богата е со антиоксиданти

Антиоксидантите се соединенија кои помагаат во заштитата на клетките на нашето тело од оштетување предизвикано од слободните радикали. Слободните радикали се секогаш присутни во нашиот организам, но нивното прекумерно присуство може да биде штетно и да придонесе за бројни хронични заболувања.

Калинката е богата со антиоксиданти и полифенолни соединенија кои обезбедуваат заштита од ваквите оштетувања. Главните биоактивни соединенија со антиоксидативно делување кои се наоѓаат во калинката се нарекуваат пуникалагини, антоцијанини и танини кои можат да се хидролизираат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг