Италијанскиот шампион Милан сака да ги продолжи договорите со неколку играчи кои играат значајна улога со тоа што во центарот на вниманието се Рафаел Леао и Исмаел Бенасер.
Двајца се „врзани“ до јуни 2024 година, па иако се уште има простор „росонерите“ сакаат да ја затворат оваа тема со нови долгорочни договори. Меѓутоа сите разговори, преговори не одат секогаш во посакуваниот правец, па директорот Паоло Малдини призна дека тие како клуб не успеале да ја остварат првичната цел, да се разберат со Леао пред Светското првенство во Катар.
- Зборуваме за ова со месеци, ако не и години. Ќе се сретнеме во вистински момент и ќе донесеме одлука. Идејата беше да се затвори [договорот] пред Светското првенство, особено со играчите вклучени во натпреварувањето, како што е Леао во овој случај.
- Тоа не беше возможно. Имаме шанса да разговараме со Бенасер и неговите агенти деновиве, - рече Малдини.