Реката Меконг е една од најголемите и најдолги реки на светот. Таа тече низ шест различни држави. Реката е позната по изобилството и разновидноста на риби и прекрасен и густ животински свет којшто постои на нејзиното крајбрежје.
Реката всушност има најголема популација на риби на светот и храни неверојатни 60 милиони луѓе. Таа во различни земји е позната под различни имиња.
Кинезите ја нарекуваат Ланцанг Лианг што би можело да се преведе како „турбулентна река“. Во Тајланд е позната како Меа Конг или Мајка река, додека пак во Виетнам често ја нарекуваат Девет змејови поради различните притоки на оваа река кои заедно се спојуваат во делта и прават една од најфасцинантните сцени во водниот свет.
Во јужен Виетнам реката Меконг се раздвојува на девет притоки кои се спојуваат и создаваат плодно тло на делтата Меконг.
Ова подрачје е екстензивно развиено за земјоделство и е едно од најпродуктивните подрачја во цела Азија, а домашните мештани имаат обичај да кажат дека ниту Американците не можеле ништо да ѝ наштетат по прашање на нејзината убавина.
Во Виетнам живеат околу 20 милиони луѓе во подрачјето на делтата Меконг. Делтата често се нарекува „виетнамско место на оризот“ поради мноштвото луѓе кои ги прехранува.
Оризовите полиња се садат во делтата кога водата се повлекува, а идеална е и за риболов со голи раце во барите кои ги остава зад себе во тие месеци. Животот во оваа делта се врти околу водата и поради тоа единствениот најпрактичен начин за движење во овие подрачја е чамецот. Можете да ги видите куќите, храмовите, пловечките пазари, цели овоштарници на крајбрежјето на реката.
Делтата Меконг дава голем број свежи производи за округот и е дом на пловечки пазар. Најголемиот пловечки пазар е Каи Ранг, воедно и најголемиот познат во кој туристите одат.
Локалните трговци и продавачи продаваат свои производи како и да се снајдат, а робата може да ја најдете на бродови. Најдобар начин да го доживеете овој пазар е да патувате со класичен брод или пак поголем чамец.
Куќите во Вен Лонг се сместени покрај крајбрежјето на реката и ги искористуваат сите предности на каналот и реката кои течат на ова подрачје. Многу од луѓето во ова подрачје ќе понудат речиси бесплатно сместување доколку одлучите да останете и да ја доживеете локалната култура, кујна и стил на живот на ова население.
Ова пловечко село се наоѓа во Донг Тап Муои и е едно од најдобрите места за еко-туризам во Виетнам. Таму ќе ја најдете бујна шума Мелалеука која може да ја видите со кану или чамец. Прекрасна е за разгледување, риболов и фотографирање. Исто така може да си изнајмите чамец и да пловите со него низ расцветаните лотоси и бари.