Луис Енрике посебно издвои еден играч од шпанскиот тим пред мундијалот: Играше на друго ниво

Дерби

18/11/2022

10:47

2.012

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид има само два претставника во тимот на Шпанија во актуелниот тим на Луис Енрике, но шпанскиот селектор на последната подготовка пред мундијалот остана најимпресиониран токму од играчот кој забележа огромен напредок и во тимот на Карло Анчелоти.

Марко Асенсио се избори за поголема минутажа и од Дон Карло и беше посочен како најдобар играч за Реал на последните натпревари од самиот Италијанец, а сега со пофалбите продолжи и Луис Енрике кој реши да го издвои неговото име по победата на „фуријата“.

Шпанија славеше над Јордан со 3:1, а иако Асенсио не постигна гол, беше задолжен за многу добри потези и акции во последната третина од теренот.

– Асенсио беше на друго ниво, беше неверојатен. Играше како 9-ка и беше многу добар. Се обидувам да го коригирам кога сметам дека треба такво нешто.

– Тој е играч кој може да стигне и да покрие на секоја позиција во нападот. Со овој однос и со квалитетот кој го има, може да игра кадешто ќе посака, – порача Луис Енрике.



Спонзорирани линкови

Маркетинг