Томас Милер е познат како голем шегаџија во европскиот фудбал и важи за главен забавувач во соблекувалната на Баерн Минхен, но таквиот статус го носи со себе и во германската репрезентација.
Селекцијата на Германија вчера пристигна во Доха и веќе се наоѓа во земјата во која ќе се одржи Светското првенство, но иако Милер веќе е насочен само кон она што се случува во националниот тим, неговата прва реакција од Катар се најде во центарот на вниманието.
Причина за тоа е шегата која сакал да ја направи еден фудбалски фан, кој решил да се потсмева со Барселона пред очите на германскиот репрезентативец.
Милер е познат по тоа што има многу добар рекорд и историја во дуелите против Барса, но очигледно не е воодушевен кога фановите го омаловажуваат каталонскиот гигант.
– Барселона е голем клуб, треба да покажеше повеќе респект, – му порача Милер на фанот.
Muller podra reírse en plan cachondeo cuando nos enfrentamos a ellos pero a la hora de la verdad defiende al FC BARCELONA.
— Mateu Alemany Font (@MPadremanyFont) November 17, 2022
"El Barcelona es un club grande, deberias tener más respeto
pic.twitter.com/aLKBJapCJ2