Вирално видео: Атрактивна мисица се обидела да се одбрани од мајмун којшто сакал да ѕирне во нејзиното бујно деколте, но...

Точка

18/11/2022

11:12

10.423

Големина на фонт

а а а

На интернет кружи видео од мисица и мајмун којшто се обидува да го погледне нејзиното деколте.

Паула Манзанал, атрактивната убавица која во 2014 година ја понела титулата Мис Перу, доживеала непријатна ситуација на одмор во Бали.

Паула, која инаку се занимава со недвижнини, отпатувала на одмор за својот 29-ти роденден. На Инстаграм ја следат над два милиони следбеници, па не е ниту чудно што видеото со мајмунот станало вирално.

Паула покажала како мајмунот реагирал на нејзините бујни гради. Тој сакал да ѝ ја спушти маицата која ја носела и да погледне во нејзиното деколте. Кога Паула му ставила до знаење дека не може да гo гледа деколтето и ја задржала маицата за да не се види тоа што не треба, мајмунот имал прилично агресивна реакција.

На видеото се гледа како мајмунот ја удира мисицата по нос, по што снимањето е прекинато.

Инаку, мајмуните на Бали се познати како „мајмунски мафии“, а станува збор за група која сака да краде од туристите. На овој остров се наоѓаат над 6.000 хиндуистички храмови, а најпознат е Улувату токму поради овие животни.

До храмот води патека каде има многу интелигентни видови мајмуни кои на луѓето им ги земаат шеширите, очилата, фотоапаратите, телефоните, што и да им најдат.

Со нив се позанимавале и експертите кои ги проучувале. Заклучиле дека некои мајмуни се дресирани за кражба на мобилни телефони кои подоцна им ги носат на своите сопственици, но има и такви кои земаат работи заради забава и потоа ги враќаат. Експертите сметаат дека фасцинантно е тоа што никогаш нема да земат храна затоа што сметаат дека треба да ја добијат од вас.




Спонзорирани линкови

Маркетинг