Откако ја сподели веста за бременоста, актерката наиде на сурова критика: „Имаш 50 години, нема да ја доживееш нивната венчавка“

Точка

06/10/2022

21:14

10.385

Големина на фонт

а а а

Двократната оскаровка, Хилари Сванк, и нејзиниот сопруг, Филип Шнајдер, чекаат близнаци, а среќната вест актерката вчера ѝ ја откри на јавноста.

„Има нешто што го чекав многу долго и тоа е мојата следна вест - ќе станам мајка. Доаѓаат две деца, не ми се верува“, изјави 48-годишната Хилари во емисијата „ Good Morning America“.

Хилари на својот Инстаграм објави и видео каде го покажа трудничкиот стомак.

Многу следбеници ѝ испратиле честитки, но еден коментар наиде на многу критики.

„Нели имаш скоро 50 години? Ќе имаш 70 кога ќе бидат на факултет, а можеби, само можеби, ќе ја видиш нивната венчавка“, напишал еден следбеник.

Многумина веднаш го осудиле за грубиот коментар, а актерката Еми Росум отишла чекор понатаму.

„Ќути“, му рекла таа на следбеникот.

Инаку, Хилари и Филип се во брак од 2018 година, а претходно беа во врска две години.

„Тоа беше сон од соништата, да се омажам за човекот од моите соништа покрај сите луѓе кои нè сакаат. Тоа беше остварување на сонот", изјавила актерката во една прилика за нивната венчавка.




Спонзорирани линкови

Маркетинг