Ковачевски-Нехамер во Прага: Австрија е силен поддржувач на Северна Македонија и регионот да се дел од ЕУ

Макфакс

06/10/2022

20:14

2.276

Големина на фонт

а а а

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Прага на билатерална средба со австрискиот канцелар Карл Нехамер разговараа за перспективите на регионот и евроинтегративниот процес на нашата земја. Тема на разговор беа и предизвиците наметнати од светската енергетска криза и можностите за нивно надминување.

Ковачевски истакна дека Северна Македонија е целосно подготвена за процесот на скрининг што ни претстои и дека се очекува полноправно членство во Европската Унија до 2030 година.

Двајцата се согласија дека двете земји имаат одлични билатерални односи и соработка, а се разгледуваат и можностите за нивно унапредување во насока на спроведување на реформските приоритети.

Беше изразена и благодарност за безрезервната австриска поддршка од технички и од финансиски аспект која ја добиваме од Австрија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг