Лукашенко го забрани зголемувањето на цените во Белорусија

Макфакс

06/10/2022

18:20

1.085

Големина на фонт

а а а

Белорускиот лидер Александар Лукашенко со декрет го забрани зголемувањето на цените во неговата земја.

„Од 6 октомври се забранува секое поскапување. Забрането!“, рече тој на владиниот состанок во четвртокот, пренесе државната новинска агенција Белта.

„Не од утре, туку од денес“, додаде тој.

Целта на таа наредба е да се осигура дека никој не може да го искористи рокот за покачување на цените, рече 68-годишниот автократ.

Оние кои ќе го прекршат декретот „ќе бидат веднаш уапсени и кривично гонети“, рече тој.

Лукашенко не ја отфрли целосно можноста во иднина да биде неопходно зголемување на цените во некои области, доколку тие бидат официјално одобрени.

Според податоците на Државниот завод за статистика, инфлацијата во Белорусија во август била 17,9 отсто во однос на истиот месец лани.

Особено се зголемија цените на храната. Според предвидувањата на белоруските економски експерти, стапката на инфлација би можела да се искачи на 19 отсто до крајот на годината.



Спонзорирани линкови

Маркетинг