(Видео) Жена покажала „кулинарски трик“ за подготовка на пилешко месо, луѓето згрозени – еве кој е одговорот на нутриционистка

Точка

06/10/2022

18:05

12.875

Големина на фонт

а а а

На Твитер се споделува видео од подготовка на пилешко месо каква досега сигурно не сте виделе.

Една жена покажала како го обработува, поточно го чисти месото пред подготовката, а тоа во најмала рака ги изненадило оние кои го виделе.

На спорното видео жената го мие пилешкото месо со детергент. Таа ставила голема количина детергент за миење садови на месото, за потоа да го измие и да му стави вода.

Во коментарите под видеото кое станало вирално на Твитер луѓето изразуваат загриженост и неверување поради овој „кулинарски трик“, тврдејќи дека ова е недопустлив начин за подготовка на пилешко месо.

Овој „трик“ го прокоментирала и нутриционистката Ана Бандуки Тодоровиќ.

„Ваквиот начин на подготовка на намирниците е особено бесмислен, а особено кога станува збор за месото. Нормално е добро да го измиете со вода, да го зачините и потоа термички да го обработите. Поголем дел од патогените микроорганизми ќе бидат уништени на висока температура“, вели оваа нутриционистка.

Нутриционистката додава дека наместо да го миете месото со детергент потребно е да обрнете внимание на следните работи:

„Намирниците важно е добро да ги процените при купување, важно е месото да изгледа свежо и да има здрава боја, да нема некарактеристичен мирис, а тоа важи и за рибата и млечните производи. Овошјето и зеленчукот може да бидат згниени, а на тоа треба да внимавате“.

Виралните трикови на социјалните мрежи лесно можат да ги заведат луѓето на погрешен чекор.




Спонзорирани линкови

Маркетинг