Конечно добра вест за Чави: Френки де Јонг ќе игра против Селта

Макфакс

06/10/2022

17:02

2.662

Големина на фонт

а а а

Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг, ќе биде достапен за тренерот Чави за натпреварот против Селта следниот викенд. Холанѓанец го истегна мускулот за време на обврските со репрезентацијата и поради тоа ги пропушти натпреварите против Мајорка и Интер.

Сепак, тој веќе тренира со максимален ритам и ќе може да игра против Селта. Така тренерот Чави конечно доби добри вести, откако дури седум играчи се здобија со различни повреди во последниот период.

Поради големиот број на отсутни дефанзивци, можно е Де Јонг да биде искористен дури и како централен дефанзивец, што се случи веќе еднаш за време на претсезонските тестови на Барселона.



Спонзорирани линкови

Маркетинг