„Халанд не е човек“

Точка

06/10/2022

16:38

4.801

Големина на фонт

а а а

Норвешкиот фудбалер, Ерлинг Халанд, е еден од најдобрите напаѓачи на светот, а коментарите на негова сметка тоа и го потврдуваат.

Фудбалерот на „граѓаните“, Џек Грилиш, го прокоментирал маестралното издание на Халанд против Копенхаген.


„Ова е неверојатно. Никогаш во животот не сум видел нешто слично. Само стоеше таму и се смееше … Како? Тој секогаш е на вистинско место. Задоволство е да се игра со него“, порачал Грилиш, па открил што му рекол голманот на данскиот тим:

„Ми кажа дека Халанд не е човек. Помислив: „Знам, знам“. Ерлинг е многу скромен, прекрасна личност. Се надевам дека може да не одведе далеку“.


Потсетуваме, Халанд во Манчестер Сити пристигна од Борусија Дортмунд за 60 милиони евра, а 19-те голови на 12 натпревари покажуваат во која мера им се исплати оваа инвестиција на „граѓаните“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг