„Alpine A110“ е мал автомобил за големо уживање, а „R“ изведбата е екстрем

Точка

06/10/2022

15:05

15.535

Големина на фонт

а а а

„Alpine A100“ припаѓа во редот на најдобри автомобили за ангажирани возачи склони кон спортско возење.

„R“ изведбата тоа чувство дополнително го потенцира. Не чудо што во овој автомобил се заљубени некои членови на екипата на „Grand Tour“, а подеднакво го сакаат и возачки ентузијасти и експертските критичари.

Француската марка сега покажува дека може и подобро. Претставува „R“ изведба која благодарение на модификациите ќе стане најбрзиот автомобил во историјата на марката. Го презема погонот на „S“ изведбата, но сега со уште помала маса, но и поголема потисна сила.


Овој автомобил изгледа како да го создавал лично Гордон Мареј, па не чуди фактот што и тој му се восхитува. Автомобилот тежи само 1.082 килограми, или 34 килограми помалку од „S“ верзијата. Тајната на намалената маса е примената на карбон од кој се изработени делови на каросеријата. Со секој килограм помалку автомобилот добива на цена, но е и пропорционално побрз. И визуелно е привлечен, а посебно е интересно задното карбонско стакло.

Има и бројни аеро додатоци, не за возилото помалку да троши, туку за да ја зголеми потисната сила. И навистина, малата „Alpine“ сега со дополнителни 43 килограми сила ќе ја притиска подлогата при максимална брзина. А таа изнесува дури 285 км/ч и ја овозможува познатиот 1.8 турбо со 300 коњски сили и 340 Nm. Конечно, спринтот до 100 км/ч сега паднал под 4 секунди и изнесува одлични 3,9 секунди.


Да додадеме дека има и нов издув, па малиот мотор е уште погласен. Да ја споменеме и изменетата шасија, и некои ексклузивни додатоци како што се плетените јамки наместо класични рачки.

Цената е непозната, но ќе биде значително повисока од 72.500 евра кои треба да се издвојат за „A110 S“ изведбата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг