Видеото од претседателот на САД, Џо Бајден, како пцуе, стана вистински хит на социјалните мрежи.
Претседателот вчера се состанал со градоначалникот на Форт Мајерс Бич, Реј Марфи, а во еден момент во текот на средбата рекол:
„Никој не се з*ебава со Бајден“.
Контекстот се уште не е во целост јасен, но градоначалникот дефинитивно се сложил со него.
"No one fucks with a Biden." pic.twitter.com/vvio6mqlyr
— Kyle Griffin (@kylegriffin1) October 5, 2022
„Апсолутно сте во право“, му кажал тој.
„Тоа е мојот претседател“, „Сега уште повеќе го сакам“, „Одлично кажано“, се само дел од коментарите под снимката на Твитер.
Ова не е првпат Бајден да биде снимен како пцуе - тој во 2010 година, додека беше потпретседател, најави дека Барак Обама ќе го измени законот за здравствена заштита.
„Ова е е*ено важна работа“, рече Бајден тогаш.