Еве кој е поранешниот полицаец кој убивал деца во градинка на Тајланд: Користел дрога, сакал да носи оружје со себе

Точка

06/10/2022

20:54

5.398

Големина на фонт

а а а

Како што наведуваат тајландските медиуми, тој влегол во државна служба во 2012-та година, како командант во полициска станица во Бангкок пред да премине во полициската станица На Ванг во 2019-та година.

Во пукањето кое денеска се случило во градинка на Тајланд убиени биле најмалку 32 лица – од кои повеќе од 20 деца, а за тој масовен напад осомничен е 34-годишниот Панџа Камраб, поранешен полицаец кој минатата година наводно бил обвинет од службата поради консумирање на опојни дроги.

Како што наведуваат тајландските медиуми, тој влегол во државна служба во 2012-та година, како командант во полициска станица во Бангкок пред да премине во полициската станица На Ванг во 2019-та година.


Тогаш наводно започнале проблемите со неговата девојка, бидејќи не почнале да живеат заедно, а тогаш почнуваат и неговите проблеми со дрогата.

Неговата девојка наводно порано се забавувала со човек кој бил осуден за дрога и моментално се наоѓа во затвор.


Тајландските медиуми наведуваат дека Камраб не ги слушал наредбите на своите претпоставени кога бил на должност.

Со девојката и пријателите често доаѓал во полициската станица каде пиеле алкохол и се забавувале. Исто така се наведува дека сакал да носи огнено оружје со себе и дека никој не смеел да му се спротивставува.

Наводно знаел да пука и во кучиња.


Бил уапсен и сослушан поради пронајдена дрога, а тогаш Панџа изјавил дека долго користи метамфетамин.

„Во минатото имало стотици вакви случаи. Не сум видел некој да биде уапсен поради тоа“, рекол наводно тогаш.


Меѓутоа, тој признал дека пронајдената дрога била негова и дека ја добил од поранешен полицаец. Тој потоа бил исфрлен од служба, а Панџа уапсен.

Потсетуваме, Панџа Камраб е осомничен дека во околу 12:30 часот по локално време упаднал во градинка и почнал да пука и да боде деца и наставници.

На крајот, како што велат од полицијата, тој си го одземал животот. Засега не е познат мотивот зад овој брутален напад.




Спонзорирани линкови

Маркетинг