(Видео) Поддржувач на Путин заплака во емисија: Русите кои не сакаат да војуваат се ѓубре!

Макфакс

06/10/2022

11:57

2.213

Големина на фонт

а а а

Поддржувач на Путин се расплака на руската државна телевизија и ги нарече оние кои не сакаат да гинат во војна „ѓубре“.

За време на интервјуто, Борис Корчевников рече дека е тажно што некои Руси „не разбираат зошто се случува оваа војна“.

Корчевников зборуваше за патриотизмот и се чудеше зошто некои луѓе не се трогнати од она што го видоа дека им се случува на руските војници во војната.

„Ако и тогаш не можете да го промените вашиот однос кон вашата земја, вие сте изгубена кауза, вие сте ништо, вие сте нула. Нема потреба да го учите човештвото на патриотизам или љубов. Вие сте гнили, вие сте ѓубре“, додаде тој.

Додека гласот му трепереше, тој рече: „Рускиот војник ќе умре во битка за вас. Погледнете го овој човек, умира за вас. Разберете дека тој го даде својот живот за вас“, пренесе Индекс.хр.



Спонзорирани линкови

Маркетинг