Фото: Погледнете ги новите воени мапи на фронтот – промените се огромни

Точка

05/10/2022

21:15

7.620

Големина на фонт

а а а

Украинската војска го ослободила Давидов Брид, важно село во Херсонската област кое руските сили ги присилило на забрзано повлекување, пренесува „BBC“.

Русија сè уште го контролира градот Херсон, главниот град на областа на југот. Во изминатите 48 часа украинските сили се насочиле кон југот во должина на западното крајбрежје на реката Днепар, а руските единици сега биле принудени да се повлечат и од неколку населби на северот од регионот Херсон.

И Институтот за војната објави дека украинските сили продолжиле да остваруваат значајни успеси во Херсонската област, додека пак истовремено продолжиле да напредуваат во Харковската и Луганската област.

„Украинските сили ослободија неколку населби на источното крајбрежје на реката Инхулет долж автопатот Т2207, принудувајќи ги руските сили да се повлечат кон југот кон Херсон. Украинските сили исто така продолжиле да напредуваат на југот долж реката Днепар и автопатот Т0403, терајќи ги Русите јужно од границите на областа Херсон-Дњепропетровск кон подрачјето Берислав. Украинските сили исто така продолжиле да напредуваат источно од реката Оскил во Харковската област, а руски извори тврдат дека се водат борби и во близина на автопатот R66 Сватове-Кремина“, објавил Институтот.

Украина: Русија претрпе десеттина загуби во последните 24 часа

„Брзото напредување на Украина ги присили руските сили на повлекување поради тоа што трпат значајни загуби. Во некои подрачја на границите на боиштето беше можно да се прошири подрачјето кое го држиме – од 10 на 20 километри“, изјавило јужното оперативно заповедништво на украинските вооружени сили (UAF).

Според UAF, во последните 24 часа Русија загубила 31 војник, повеќе од 40 парчиња опрема, вклучувајќи осум тенкови, 26 оклопни возила и хаубица со голем калибар. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг