Чави го повтори незаборавниот гест на Кјелини и обвини дека Интер ги потплатиле судиите

Дерби

05/10/2022

14:56

1.918

Големина на фонт

а а а

Чави Ернандес обично одбива да дава било какви изјави за судиите и ги тргна контроверзите настрана, но таков не беше случајот вчеравечер, бидејќи тренерот на Барселона имаше бурна прес-конференција по поразот во Милано од 1:0.

Каталонскиот великан остана покус за еден постигнат гол и недосуден пенал во второто полувреме и остана со празни раце на „Џузепе Меаца“, а завршната тензија по играњето со рака на Дамфрис направи да видиме и една гестикулација која може да му донесе големи проблеми на Чави.

Барселона најави дека ќе се жали до УЕФА за арбитражата на Винчиќ, но Европската Федерација може да возврати со отворање истрага против Чави, кој во самата завршница обвини дека судиите се потплатени.

Тренерот на Барса го повтори познатиот и незаборвен гест на Џорџо Кјелини, кој илустрираше дека судиите се поткупени на гостувањето во Мадрид, кога беше досуден пенал за Реал против Јувентус во 2018-та година.

Четири години подоцна, истиот гест во Лигата на шампионите го повтори и Чави, а ваквиот негов потег наиде на осуда од италијанската јавност.



Спонзорирани линкови

Маркетинг