Жан Митрев дал гаранција од 1 милион евра дека нема да бега од државата

Точка

05/10/2022

14:28

2.348

Големина на фонт

а а а

Пред околу еден месец, д-р Жан Митрев дал гаранција од 1 милион евра дека нема да бега и дека ќе им биде достапен на правосудните органи сè додека против него се спроведува истражна постапка која неодамна ја отвори скопското јавно обвинителство.

Освен дадената гаранција која е прифатена од Основниот кривичен суд, на осомничениот му е одземен и пасошот.

По утврдување на определени околности во текот на предистражната постапка, Основното јавно обвинителство Скопје, во август информираше дека била донесена наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Измама од член 247 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.


„Надлежниот јавен обвинител, имајќи ги предвид околностите, до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка за обезбедување на осомничениот – одземање на патна и друга исправа за преминување на државната граница, како и забрана за издавање нова. Ваквата мерка е предложена заради неопходноста да се обезбеди присуството на осомничениот и за непречено водење на постапката“, информираа тогаш од Јавното обвинителство.

Жан Митрев тогаш беше повикан на распит за определени околности во врска со предмет оформен по допрен глас во ОЈО Скопје.

Обвинителството на 18 јули годинава, по допрен глас оформи предмет откако ИРЛ објави истражување за работата на клиничката болница „Жан Митрев“ и за докторот, пренесува „МКД“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг