Се разведува еден од најстабилните парови од светот на славните: Ангажирале адвокати, а откриена и причината зошто се разделуваат

Точка

05/10/2022

21:30

12.417

Големина на фонт

а а а

Се чини дека бракот на Том Брејди и супермоделот Жизел Бундшен сепак ќе заврши – и двајцата ангажирале адвокати за развод, дознава „Page Six“.

Како што претходно беше откриено, парот по голема кавга живеел одвоено изминатите неколку месеци и сега очигледно сакаат да го поделат своето мултимилионерско царство.

„Никогаш не мислев дека оваа кавга ќе биде крај на нивниот брак, но изгледа дека е така. Мислам дека повеќе нема враќање назад. И двајцата имаат адвокати и веќе се информираат што ќе значи оваа разделба, кој што ќе добие и како ќе ги поделат финансиите“, вели упатен извор за „Page Six“.

Славниот пар и понатаму молчи на оваа тема, а извори блиски до двајцата, кои се во брак од 2009 година, тврдат дека тие се многу фокусирани на децата и дека планираат да имаат заедничко старателство. Жизел и Том го имаат 12-годишниот син Бенџамин и 9-годишната ќерка Вивијан, а Брејди го има и 15-годишниот син Џек со поранешната партнерка Бриџит Мојнахан.

Парот најверојатно ќе поднесе барање за развод на Флорида и размислува да го подели својот имот вреден 26 милиони долари. Брејди моментално е најплатен НФЛ играч, „тежок“ 250 милиони долари.


За потсетување, убавата Бразилка ја напуштила семејната куќа во Тампа, Флорида, по жестока расправија со сопругот, а странските медиуми пренесуваат дека главната причина за конфликтот е фактот дека семејството не му е приоритет на 45-годишниот спортист.

Имено, Брејди реши да се врати од пензија и да продолжи да игра за НФЛ, што ја разбеснило Жизел.

„Таа отсекогаш била онаа која беше посветена на децата. Се договорија дека тој ќе се повлече од спортот за да се фокусира на семејството, а потоа се предомисли“, изјавиле упатени извори.


Инаку манекенката неодамна за магазинот „Elle“ проговори за брачните проблеми, а иако тоа го направила дискретно, очигледна е нејзината огорченост поради одлуката на Том.

„Јас го завршив мојот дел. Бев тука за сопругот и децата кога беше потребно. Се преселив во Бостон и се фокусирав на тоа да создадам топол дом за своето семејство, место на кое моите деца безгрижно ќе пораснат. Бев тука и ги поддржував нив и нивните соништа“, изјавила Бундшен во интервјуто.



Спонзорирани линкови

Маркетинг