Луѓето не можеле да поверуваат кога слушнале колку години има оваа жена: „Или престанала да старее или „замрзнала“ во времето“

Точка

05/10/2022

13:27

17.368

Големина на фонт

а а а

Пејачката Гвен Стефани изгледа неверојатно младолико, со оглед на тоа што штотуку наполни 53 години.

Обожавателите на Гвен, буквално „полуделе“ кога во неделата дознале дека пејачката полни 53 години, па на интернет веднаш можеле да се прочитаат коментари:

„Гвен или престанала да старее или „замрзнала“ во времето“, напишал некој обожавател.

„Боже, дај ми ги и мене гените кои ги има Гвен Стефани“, „Гвен Стефани изгледа безвременски“, биле дел од другите коментари.


Самата Гвен објаснила зошто не старее: „Сè е во заљубеноста. И до денес пишувам и пеам песни за заљубеноста“.

Пејачката кажала дека денот го започнува со молитва, миење на забите и мачкање со крем за лице. Вечерната рутина ѝ е вообичаена – бришење на шминката и мачкање со хидратантнен крем.

Меѓутоа, иако пејачката тврди дека се негува како и сиот нормален свет, вистина е дека поголем дел од жените во 50-тите години имаат брчки, а Гвен нема ниту една.


Експертите за пластична хирургија тврдат дека Гвен сигурно имала неколку добро одредени интервенции и дека редовно користи ботокс и филери, што може да се воочи на нејзините усни.

Пејачката никогаш не признала дека користела естетска хирургија.


Иако денес ужива во хармоничниот брак со пејачот Блејк Шелтон, пејачката сепак во првиот брак доживеала предавство од тогашниот сопруг. Имено, аферата на нејзиниот поранешен сопруг станала јавна откако се дознало дека Гавин Росдејл со години ја изневерувал со дадилката на нивните деца.


Тогаш Гвен од цела приказна излегла со крената глава, а по разводот среќата ја нашла во колегата Блејк Шелтон.




Спонзорирани линкови

Маркетинг