Суарез си договори ангажман во нов клуб: Напаѓачот ќе си ја исполни желбата веднаш по крајот на СП

Дерби

05/10/2022

12:58

1.460

Големина на фонт

а а а

Луис Суарез призна дека нема да остане во Национал и дека неговото враќање во матичниот клуб е само краткотрајно за темпирање на формата за Светското првенство, но во последното ексклузивно интервју за „Марка“ нагласи и дека дефинитивно нема да се враќа на стариот континент.

Уругваецот смета дека неговата етапа во Европа е завршена, а неколку дена по ексклузивното интервју, сега се појави информација за неговиот следен чекор во кариерата.

Главниот фокус на „Ел Пистолеро“ во моментов е Светското првенство во Катар, но по крајот на истото, тој кариерата ќе ја продолжи во првенството со кое сам се поврзуваше веќе некое време, американската МЛС лига.

Угледното каталонско радио „RAC1“ ексклузивно дознава дека Суарез ќе си го оствари сонот да заигра во Америка и веќе постигнал преддоговор за трансфер во Лос Анџелес Галакси, зделка која комплетно ќе се релизира веднаш по завршувањето на мундијалот.

На свои 35 години, Суарез смета дека е крајно време да се испроба и во МЛС лигата која станува се поатрактивна, а во Лос Анџелес ќе има и елитни соиграчи како Чичарито, Даглас Коста и Рики Пуч кој изминатово лето ја напушти Барса.



Спонзорирани линкови

Маркетинг