Инѕаги по победата над Барса: Не направивме ништо посебно

Дерби

05/10/2022

12:57

824

Големина на фонт

а а а

Симоне Инѕаги веруваше во победа над Барселона уште пред почетокот на натпреварот и имаше таква најава на својата прес-конференција, но откако навистина неговиот тим успеа да слави со 1:0, заклучи дека ова може да биде еден нов почеток за „нераѕурите“ кои имаат многу лош старт на сезоната.

Голем дел од италијанските експерти се чудеа како Инѕаги го преживеа последниот пораз од Рома во Серија А и како стигна до дуелот со Барса во Лигата на шампионите, кој сега може да донесе еден друг пресврт околку неговата тренерска судбина.

– Тимот одигра многу добар меч против тежок противник со повеќе квалитети. Страдавме заедно на теренот, одлично се држевме и бевме добро поставени. Добивме важен натпревар и среќен сум за играчите, за клубот, но и за навивачите кои заслужија вакво нешто.

– На крајот, не направивме ништо посебно. Доживеавме голема ноќ, но се уште не сме направиле ништо, има уште многу работа. Вистина е дека ова може да биде нов почеток за нас и треба така да мислиме на оваа победа.

– Уште во саботата порачав дека можеме да се носиме, бидејќи навистина не заслуживме пораз од Рома. Не ме интересираат критиките, јас ги гледам само моите играчи и тие ми влеваат доверба со својата работа, – изјави Инѕаги.



Спонзорирани линкови

Маркетинг