Главен симптом кој укажува на превисок холестерол во крвта, а многумина не го забележуваат

Точка

05/10/2022

13:04

11.155

Големина на фонт

а а а

Високиот холестерол стана главна грижа и една од најчестите болести на современиот свет.

Холестеролот кој не се открива навреме може сериозно да го загрози здравјето.

Д-р Лора Пурди нуди совети за тоа на кои важни симптоми на висок холестерол треба да обрнете внимание. Таа вели дека „холестеролот е еден вид масна молекула која циркулира во крвотокот“.

Обично доаѓа до разградба на масните молекули во дигестивниот процес, но некои луѓе може да имаат генетски или други состојби кои доведуваат до тоа телото во внатрешноста на крвните садови да задржува поголеми количини холестерол од просечните.

Д-р Пурди понатаму објаснува дека постојат неколку различни видови на холестерол, а често за нив се говори преку термините добар или лош холестерол.


„Добриот холестерол е уште еден термин за HDL, што значи липопротеини со висока густина. Овој конкретен тип на холестерол помага да се отстранат другите штетни видови на холестерол од телото. LDL е кратенка за липопротеини со ниска густина, тоа е вид лош холестерол кој треба се контролира со цел да се спречи ризикот од кардиоваскуларни заболувања“, објаснува докторката.

Овој вид холестерол може да придонесе за формирање на наслаги во артериите во нашето тело, што може да предизвика срцев или мозочен удар. Затоа е важно да се разберат разликите помеѓу двата вида холестерол, особено кога станува збор за долгорочното здравје.

Холестеролски тумори на кожата

„Некои луѓе кои имаат висок холестерол развиваат ксантоми, наслаги или мали тумори на холестерол кои можат да бидат видливи на одредени делови од телото“, вели д-р Пурди.

Таа додава дека тие „изгледаат како мали, восочни, жолтеникави испакнатини и многу често се гледаат под очите, но не се појавуваат по целото тело“. Ксантомите се физичка манифестација на висок холестерол и луѓето кои ги имаат овие мали тумори на кожата треба да направат крвна анализа.


Прекумерната телесна тежина како причина за холестерол

Д-р Пурди вели дека „дебелината е многу стресна за телото и предизвикува неколку медицински состојби, вклучително и висок холестерол“.

„Постои многу поголем процент на покачен холестерол кај луѓето со прекумерна тежина. Тоа е дури и случај со деца и со адолесценти, не само со возрасните. Од таа причина се препорачува возрасните, тинејџерите и децата со прекумерна телесна тежина или превисок BMI да прават тестови на крвта како дел од годишниот систематски преглед за да се утврди нивото на холестерол“, додава таа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг