Главниот фокус на европските случувања вчеравечер беше во Милано, односно најголемо внимание привлече натпреварот меѓу Интер и Барселона во Лигата на шампионите.
Дербито во Милано донесе две контроверзни ситуации во второто полувреме и луѓето од Барселона се сметаат за максимално оштетени од судијата Винчиќ, но сепак најголемата судиска лудорија вчеравечер се случи во Португалија, а не во Италија.
Порто со два гола во вториот дел успеа да го победи Баер Леверкузен со 2:0, но она што се случи на крајот на првиот дел можеше да му даде еден сосема понаков тек на мечот.
Домашниот тим постигна гол за 1:0 во 42-та минута, но Ентони Тејлор го поништи истиот поради пенал во претходната акција и наместо 1:0, Леверкузен доби огромна шанса за 0:1.
Патрик Шик ја презема одговорноста, но напаѓачот на Баер не го реализираше ударот од 11 метри и со тоа се заврши ВАР лудоријата која траеше повеќе од три минути.