Судир на три автомобили во Скопје“: Деветмина повредени во сообраќајна несреќа на „Словенечка“

Макфакс

05/10/2022

12:39

3.071

Големина на фонт

а а а

Девет луѓе повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на бул.„Словенија“ во Скопје.

Несреќата се случила меѓу три возила – автомобил „фолксваген“, управувано од М.Б.(25) од Скопје, автомобил „опел“, управувано од И.Ш.(52) од Скопје и автомобил „мерцедес“, управувано од И.А.(34) од с.Љуботен, скопско, сите три со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од возилото „фолксваген“, а со телесни повреди се здобиле тројцата возачи, сопатниците од возилото „опел“, Ј.Ш.(49) и Б.Ѓ.(24), како и малолетен сопатник, сите од Скопје, како и сопатниците од возилото „мерцедес“, Н.Ш.(49) и малолетен сопатник, двајцата од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.



Спонзорирани линкови

Маркетинг