Нобеловата награда за хемија ја поделија тројца научници

Точка

05/10/2022

12:12

26.220

Големина на фонт

а а а

Нобеловата награда за хемија за 2022-ра година ја добија Керолин Бертози, Мортен Мелдал и К. Бери Шарплес.

Шведската кралска академија за наука соопштила дека хемичарите ја добија наградата за развојот на клик хемија и биоортогонална хемија.

Претставниците на академијата истакнале дека овие научници постигнале „револуција во поврзувањето на молекулите“.

Потсетуваме, овогодишната Нобелова награда за медицина му беше доделена на шведскиот генетичар Сванте Пабо, за откритија во полето на геномот на изумрените хоминини и еволуцијата на човекот.

Нобеловата награда за физика ја добија Ален Аспект, Џон Ф. Клаусер и Антон Цајлингер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг